ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

23.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека Советот на Европската Унија на Самитот во Брисел (закажан за 28 и 29 јуни), има  обврска и одговорност,  да донесе одлука за започнување на пристапните преговори со Република Македонија, со што ќе се деблокираат европските- интегративни процеси за нашата земја и ќе се отворат преспективи за Македонија.

Најавата за  ВЕТО од некои земји членки на ЕУ (Франција и други), можат да го срушат постигнатиот Договор со Грција, кој е постигнат за деблокадата на евроатланските процеси.

Инаку  Грција досега го користеше правото на вето односно носењето на одлуките на Советот на ЕУ со консензус, поради што Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ веќе 13 години, без можност да ги  започне пристапните преговори за членство во ЕУ.

Демократскиот сојуз инсистира Македонија да биде ставена на таканаречена „брза лента" и интеграцијата да се одвива со забрзано темпо.

Без разлика на контраверзните ставови на опозиционите партии во врска со Договорот помеѓу Македонија и Грција, во Македонија постои партиски и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ И НАТО, како и препорака (препораки) на Европската Комисија за започнување на пристапните преговори.

Одлуката за определување на датум за започнување на пристапните преговори треба да биде безусловна и преговорите треба за започнат по Самитот на Советот на ЕУ.

Последни Активности

03.12.2018

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

прочитај повеќе...

30.11.2018

Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела.

прочитај повеќе...

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners