Демократски сојуз повикува на разум



21.04.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОВИК НА РАЗУМ

Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување и деблокада на државата.

Граѓаните на Македонија не можат и натаму да седат  со скрстени раце и да гледаат како државата се раслојува и распаѓа, а паралелно се вршат "подготовки" од самопрогласените патриоти за чистка од "предавниците".

Сценаријата кои се кројат во главите на болни умови, треба јавно да се објават и жигосаат и сите заедно да спречиме братоубиствен расплет на нашата- македонска криза.

Секој граѓанин има одговорност и обврска да ги афирмира, почитува и брани цивилизациските вредности, да ги респектира различностите и да ја чува сопствената држава.

Повеќе од јасно е дека само 67-те пратеници не можат да обезбедат мирен, демократски и уставен трансфер на власта, ниту пак тоа можат да го овозможат партиите кои се за промени и формирање на нова- реформска Влада.

Потребна е граѓанска гласност и силна поддршка и затоа секој од нас треба да го каже својот став.

Молкот и тишината се победа на криминалните структури, победа на тие што плукаат, ѕвечкаат со оружје под појасите и јавно се закануваат.Санкциите кои ги најавува меѓународната заедница спрема опструкторите  на демократските промени, но и против државата, во крајна линија како казна и на граѓаните, ќе ги продлабочат разликите, а излезот ќе биде посложен, потежок и неизвесен.

Затоа треба освестување и граѓанска реакција, кризата мораме ние да ја решиме и тоа веднаш.

Има многу можности да се искаже демократската определба за промени. За почеток, треба секој да објави свој став на социјалните мрежи, коментар на порталите, да разговара со своите колеги, пријатели, соседи и сл. Можеме на мирен и демократски начин да го запреме лудилото и направиме крупен чекор кон мирна разврска.

Да го победиме стравот за да ја сочуваме демократијата и Република Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners