ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ШЕМА ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ДРЖАВНО ЗЕМИЈИШТЕ

04.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ШЕМА ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ДРЖАВНО ЗЕМИЈИШТЕ


 Проектот на ЕУ за легализација на дивоградбите несомнено има позитивни ефекти, при што голем број на граѓани се стекна со право на сопственост на имот што им припаѓал, се разрешија бројни урбани и комунални прашања и сл.

Овој процес е попратен и со криминални и коруптивни елементи, како на пример, големи компании легализираа стопански објекти и други градби без да платат комуналии и сл..

Најголем криминал се прави со изигрување на законот на тој начин што после определениот критичен датум (3-ти март 2011 година ) на државно земјиште се гради импровизиран станбен објект, градоначалникот го легализира, се врши откуп на 500 м2 по цена од 1 евро по квадратен метар ,потоа се проширува плацот (повторно на државно земјиште)  по багателна цена и на крај најчесто се продава по многу повисока цена (од 30 до 100 евра метар квадратен).

Сите вклучени во овој нелегален бизнис грабаат од државниот имот.

Овој криминал лесно се открива врз основа од снимките направени преку Google каде јасно се гледа што било изградено до критичниот ден кој се зема како основа за легализација на дивоградбите.

Очекуваме оваа појава да се сосече во корен, а градоначалниците кои во изминатите години правеле ваков криминал да понесат одговорност.

 

Последни Активности

19.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.

прочитај повеќе...

13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

прочитај повеќе...

08.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ

Во последните неколку дена се почесто се објавуваат постови од лажен профил при што се злоупотребува името на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

прочитај повеќе...

10.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УБИСТВО ИЗВРШЕНО НА СВИРЕП НАЧИН

Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.

прочитај повеќе...

05.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИС ИЛИ ОСТАВКА

По повторното изгласување на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција, претседателот  Ѓорге Иванов, има уставна должност да го потпише и на тој начин да ги деблокира процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners