ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СО ДРОН ПРОТИВ ЗАГАДУВАЧИТЕ

05.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СО ДРОН ПРОТИВ ЗАГАДУВАЧИТЕ

Демократскиот сојуз предлага со користење на ДРОН да се детектираат загадувачите на воздух во Скопје и другите градови (Тетово, Куманово, Битола и др.). 

Повеќе од очигледно е дека малиот број на "еколошки инспектори" не можат да се справат со загадувачите на воздух, посебно тие што користат искористено моторно масло или масло за јадење, пластика, гуми, стиропори и други недозволени средства за затоплување или што се користат во процесот на производство, сугерираме Министерството за животна средина и просторно планирање да набави дронови и започне со откривање на загадувачите на воздухот и трујачите на граѓаните.

Демократскиот сојуз предлага засилен и постојан мониторнинг над  депонијата "Дрисла" за да се спречи загадување при горење на медицински отпад или можно депонирање на друг опасен отпад.

ДС ја поддржува идејата на Град Скопје за отворање телефонски број (193) на кој граѓаните можат да се јават и пријават загадувачи на воздух, но сугерираме да се разработи апликација каде можат граѓаните да  праќаат и смс и вибер пораки, фотографии, видеа, или маил со информации за загадувачите.

 

Последни Активности

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

прочитај повеќе...

03.10.2018

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

прочитај повеќе...

01.10.2018

Демократски сојуз: Договор за иднината на Македонија

Врз основа на првичната анализа на референдумот, Демократскиот сојуз ги изгради следните ставови:

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners