Демократски сојуз: Буџетот коска за глодање на опозицијата

21.09.2016

Демократски сојуз: Буџетот коска за глодање на опозицијата

Демократскиот сојуз смета дека носењето на Буџетот на Република Македонија во Септември и во услови кога имаме преодна- техничка Влада, како и утврден датум на парламентарните избори (11.12.2016 година), претставува добро осмислена стратегија за блокада на изборните активности и насочување на расправата кон крајно популистички и клиентелистички буџет.

Власта очекува опозицијата, независните експерти, како и медиумите, да распалат против буџетот и буквално да упаднат во поставената стапица. Демек тие предлагаат развоен буџет, повеќе пари за капитални инвестиции, социјални трансфери, повисоки пензии и плати, а опозицијата се противи.

Затоа предлагаме да не се губи време во јалови расправи и трошење енергија на Предлог -Буџетот, туку да постигнеме цврст договор, дека по изборите ќе донесеме нов Буџет, согласно потребите на граѓаните, бизнисот и државата, без дополнителни задолжувања и градење на споменици, панорамски тркала, како и дека ќе спроведеме силна офанзива против организираниот криминал.

 

partners partners partners partners partners partners