Демократски сојуз: Да се блокира задолжувањето на државата

20.07.2016

Демократски сојуз: Да се блокира задолжувањето на државата

По задолжувањето на државата за 450 милиони евра, пари кои првенствено ќе бидат наменети за клиентелизам (купување на гласови), Демократскиот сојуз во соработка и консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Парламентот.

Последниот долг со издавање на еврообврзница е направен без претходна анализа и консултација на експерти, како и без елементарно информирање на Парламентот и пошироката јавност.

Владата и натаму должи објаснување за висината на долгот што го направи, високата камата, потоа за што ќе ги потроши парите и како ќе се враќаат.

Инаку ова расипничко и арогантно  однесување  само ја потврдува определбата на граѓаните за потребата од брзи избори, промена и одговорност.

partners partners partners partners partners partners