Демократски сојуз: Година на надежи и успеси

31.12.2018

Демократски сојуз: Година на надежи и успеси

Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата Година со искрени желби за многу здравје, среќа и успеси.

Во годината пред нас посакуваме сплотеност, единство, мир и стабилност, но највеќе од се градење на цивилизациски вредности и меѓусебно почитување и разбирање.

Нашите очекувања и определби  се скромни, да се врати надежта и вербата во владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите, да се отворат можности и шанси за сите, младите да можат да создаваат овде, да формираат семејство и да ја градат и развиваат Европска Македонија.

Во наредната година мораме сите заедно да ја преземеме одговорноста за иднината и перспективите на државата.

Новата 2019 година, да биде за сите подобра и година на успеси.

partners partners partners partners partners partners