Демократски сојуз: Илинден како поука

04.08.2016

Демократски сојуз: Илинден како поука

Обидите за редефинирање на Македонската историја од страна на државно - политичкиот врв, им се врати преку граѓански отпор и бојкот.

Десетгодишната кампања на негирање на реалните случувања на овие простори, обиди некои значајни великани за македонската кауза да бидат маргинализирани, како и неколку годишната пракса на Илинден да се носат партиски активисти за аплаудирање, оваа година доживеа фијаско. Се покажа мудроста на македонскиот народ кој не сака да биде манипулиран на овој светол ден за Македонија.

На овој ден да се негираат вистинските херои и да се користи за партиска промоција или дискредитација на сите што поинаку размислуваат од власта, се покажа како контрапродуктивно и погубно за говорниците пред спомен обележјата на творците на самостојна и независна Македонија.

Демократскиот сојуз се согласува со сите оние кои јавно говорат дека "историјата е најавтентичен судија", но потсетуваме на народната поговорка "кој нема историја нема ни иднина". Затоа сметаме дека тие кои од лични и партиски интереси се обидуваат да ги менуваат историските факти, ниту се патриоти, а уште помалку државници.

partners partners partners partners partners partners