Демократски сојуз: Итна седница на Парламентот

13.05.2016

Демократски сојуз: Итна седница на Парламентот

Демократскиот сојуз ги повикува парламентарните партии кои не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија, на која ќе се донесе одлука за откажување на изборите и отпочне постапка за одговорност на Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата.

ДС очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети.

Со потписот на 63 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски, мора да свика седница со веќе предложениот дневен ред.

Наместо да чекаме решенија од странство, ве повикуваме на единство и проактивна акција.

 

partners partners partners partners partners partners