Демократски сојуз: Избори без реформи

21.07.2016

Демократски сојуз: Избори без реформи

Постигнатиот договор помеѓу четирите политички партии за одржување на избори во Декември 2016 година е само фрлање прашина во очите на јавноста и истиот не гарантира создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, потоа реформите во медиумите, формирање на судско одделение кое ќе постапува по предмети од СЈО, како и формирање на експертска Влада која ќе ги спроведе реформите и сл.

Исто така, од исклучителна важност за демократизација на државата и демонтажа на еднопартискиот систем беше Македонија да биде една изборна единица, но и тие промени не се направија, ниту пак се прочисти избирачкиот список.

Оттука, имајќи ги во вид сите овие отворени  прашања, како и досегашното искуство, владејачките партии да ги блокираат реформите, сосема оправдани се сомнежите дека преку договорот ќе се дојде до кредибилни избори и дека истите ќе се одржат на 11ти Декември.

Граѓаните бараат изборите да се одржат побрзо и да се случат промени, како битен предуслов за излегување од политичката криза.

partners partners partners partners partners partners