Демократски сојуз: Катастрофален настап на Ѓорге Иванов

22.06.2016

Демократски сојуз: Катастрофален настап на Ѓорге Иванов

Со вечерашното обраќање до јавноста, Ѓорге Иванов, дополнително ја усложнува политичката криза во Македонија, направи длабока поделба помеѓу граѓаните и партиите, се стави во фунција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го  нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која над 65% од граѓаните ја подржуваат.

Во изминатите месеци стабилноста на државата ниту одвнатре, ниту од надвор не била загрозена, ниту пак имало потреба за средување на внатрешните состојби да ја ангажираме армијата. Напротив и покрај одлуката за аболиција на 56 носители на високи државни и политички функции, граѓаните протестиира против Ѓорге Иванов, против урнисување на Уставниот поредок и владење на правото, но никогаш не ја загрозија Македонија.

Тие што протестираат се гарант за силна, унитарна и демократска Република Македонија.

После овој катастрофален  и срамен говор, единствена опција е да се повлечете од функција, за да се создадат услови за избор на претседател  на сите граѓани и татко на нацијата.
                                                                                

partners partners partners partners partners partners