Демократски сојуз: Парламентот да одлучува за задолжувањето

22.08.2016

Демократски сојуз: Парламентот да одлучува за задолжувањето

Денес ќе започне Парламентарната расправа за промени во Законот за јавен долг.

Демократскиот сојуз достави Предлог на закон за промени на Законот за јавен долг со кој се предлага за задолжување на  државата повисоко од 100 милиони евра наместо Владата да одлучува Парламентот.

Се очекува Комисијата за финансии, денес (со почеток во 11,00 часот), да расправа по Предлог Законот, на која Павле Трајанов ќе ги образложи предлог промените.

Неодамна, Владата најави дека преку издавање на еврообврзница, Државата ќе ја задолжи  со 650 милиони евра или заедно со каматата вкупниот долг ќе изнесуваше една милијарда евра.

По реакциите во јавноста, новиот долг изнесува 450 милиони евра, но и натаму без претходни консултации и  намена за која ќе се користат средствата.

Со цел да се спречи неконтролирано задолжување, се предлага Владата, самостојно во текот на една година, да може да ја задолжи Државата најмногу за 100 милиони,а над тој износ да одлучува Парламентот.

 

partners partners partners partners partners partners