Демократски сојуз: Период на неизвесност (Брегзит)

24.06.2016

Демократски сојуз: Период на неизвесност (Брегзит)

По долги дебати и дискусии, Британците вчера излегоа на референдум за да одлучат дали Велика Британија и натаму ќе остане членка на Европската Унија или ќе излезе од неа. Официјалните резултати од референдумот (51,7% за напуштање на ЕУ и 48,3% за натамошно членство во Унијата), значеа победа на т.н. „Brexit“ и го дефинираа следното поглавје на Британија во односите со Европската Унија.

Со ваквата одлука Британија, но и Европската унија, навлегуваат во сериозна криза и ја отворија Пандорината кутија за јакнење  на евроскептицизмот. 

Демократскиот сојуз ја почитува одлуката на Британија за напуштање на Унијата (народот има демократско право да одлучува за својата судбина), но едновремено, смета дека излегувањето од ЕУ од страна на земја со особена надворешно-политичка, дипломатска и економска важност, отвора простор за сериозна загриженост и во голема мера ќе се одрази и врз иднината на ЕУ, како и на процесот на проширување на ЕУ.

Неизвесноста е сосема разбирлива, како од аспект на моќта и влијанието на ЕУ на геополитички план, така и со оглед на на можните економски ефекти од ваквата одлука.

Ваквите состојби и во Република Македонија ќе ги охрабрат тие што ги блокираат евроинтеграциските процеси и се залагаат за алтернативни решенија и правци.

Во секој случај, надворешно-политичките приоритети на Република Македонија треба да бидат јасно дефинирани: што поскоро започнување на преговорите за членство во ЕУ и полноправно членство во Алијансата. Македонија досега вложи многу напори за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, свесна дека европскиот проект е најдобрата иднина за земјата.

partners partners partners partners partners partners