ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРОМЕНИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ХАОСОТ

22.12.2016

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРОМЕНИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ХАОСОТ


Демократскиот сојуз смета дека определбата на над 612.000 граѓани за промени се клучни за излез од кризата и хаосот во кој власта ја вовлече државата.

Демократскиот сојуз укажува на потребата од најитно конституирање на новоизбраниот состав на Парламентот и избор на Влада која ќе ја предводи досегашната опозиција.

Уставот е многу јасен, партијата или партиите што ќе покажат и докажат дека имаат мнозинство пратеници (најмалку 61), тие ќе го имаат мандатот да формираат Влада, што е извесно дека бројките и определбата на граѓаните е недвосмислена.

Повторните избори во Теарце, во суштина ништо нема да променат и не треба "судбоносните одлуки" да се врзуваат за исходот на гласањето, каде е можно повторно кршење на изборните правила.

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните од Теарце да излезат масовно и без страв да гласаат за кандидатите од опозицијата.

partners partners partners partners partners partners