Демократски сојуз: Средба на Трајанов со Воутер Пломп

22.06.2016

Демократски сојуз: Средба на Трајанов со Воутер Пломп

Претседателот на Демократскиот сојуз имаше работна средба со Амбасадорот на Холандија господин Воутер Пломп.

На средбата Трајанов ги презентирал програмските определби на ДС, како и оценките за актуелната политичка состојба и правците за излез од кризата.

Трајанов нагласил дека во интерес на сите граѓани е да се разреши политичката криза, да се нормализира животот и деблокираат евро-интеграциските процеси.

Формирање на Експертска Влада, која треба да спроведе реформи во судскиот систем и безбедноста, како и целосна деполитизација на државните институции.

Реформите во медиумите, како и прочистување на избирачкиот список се врвни приоритети и основни предуслови за одржување на кредибилни избори.

Протестите се одраз на незадоволството на граѓаните и своевиден демократски притисок за организирање на слободни избори кои треба да се организираат во најкус период.

На претстојните избори Демократскиот сојуз ќе учествува во рамките на коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА.

partners partners partners partners partners partners