Демократски сојуз: Срушен дигнитетот на Парламентот

18.05.2016

Демократски сојуз: Срушен дигнитетот на Парламентот

За Демократскиот сојуз претставува огромно разочарување, што дигнитетот на Собранието, како дом на граѓаните, највисокиот законодавен дом  е срушен докрај, разорени се и другите институции, како и судската и извршната власт.

Денес, кога граѓаните очекуваат разумно, одговорно и пред сé државничко однесување, преку Парламентот повторно се фрла сол на раните на граѓаните. Парламентот бира министри како добро обмислен спин, за да се дефокусира јавноста од Одлуката за поништување на датумот за избори, закажани за 5 јуни.

Повеќе од јасно е дека наскоро, многу брзо ќе се избере Влада во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии, очекуваме таа да биде експертска, со премиер и министри, без партиски багаж.

Влада која ќе спроведе реформи во судскиот систем, бебзедносните служби, медиумите и ќе ги оспособи институциите да можат да функционираат. Прво, избор на Влада, реформи, па после тоа избори, но пред сé мора да се повлече аболицијата со која 56 лица, носители на високи државни политички функции и нивните соработници се ослободени од кривична одговорност за тешки кривични дела.

На седницата на  18 јануари 2016 година, Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, укажа на апсурдноста на носење одлука за самораспуштање на Собранието со одложена примена и укажа на можниот негативен развој на состојбите. Павле Трајанов, на таа седница меѓу другото рече:

„Не е можно да се носи вака значајна одлука со одложено дејство. Сакам да укажам дека за ваквата одлука ќе иницирам да се расправа пред Уставниот суд на Република Македонија. Знам дека тој не функционира, дека тој е партиски суд, под силно партиско влијание, но за секој случај ќе иницирам и ќе видам каква расправа ќе води Уставниот суд и каква одлука ќе донесе.

…дајте сите да се потрудиме да создадеме демократски амбиент, да не ни се случи улица, да имаме протести и немири, да ја доведеме државата во тешка уште политичка и безбедосна криза. Затоа мислам дека не треба денеска да носиме одлука за распуштање на Парламентот која што треба да важи од 24 март“.

Денес, Уставниот суд, донесе Одлука за откажување на изборите, се разбира не врз основа на аргументите на Демократскиот сојуз или ДУИ, туку како резултат на политички договор.

Претседателот и членовите на Уставниот суд, кои гласаа против Иницијативата на ДС за оценување на Одлуката за самораспуштање на Парламентот, треба да си поднесат оставка. Тие се истите судии што му овозможија на Ѓорге Иванов, да помилува 56 носители на високи државни и политички функции.

Пред да се изјасни Парламентот за Одлуката на Уставниот суд, или таа да стапи на сила, веќе прави нова повреда, избира Влада, односно министри во Владата.

Повикуваме на политички договор и негова имплементација и расплетот на кризата да оди по следниот редослед: одговорност, промени, реформи, па потоа избори.

partners partners partners partners partners partners