Демократски сојуз: Трајко Вељаноски да ги распише изборите

17.10.2016

Демократски сојуз: Трајко Вељаноски да ги распише изборите

По одлуката за самораспуштање на Собранието на Република Македонија, претседателот Трајко Вељаноски, треба уште вечерва да ги распише изборите, се со цел ДИК, но и другите државни институции, да можат навреме да ги завршат обврските.

Независно што претседателот има можност уште неколку дена (до 27.10.2016 година) да развлекува, сметаме дека е коректно и во интерес на сите граѓани и партии тоа да го направи вечерва, со што ќе започнат да течат законските изборни рокови.

Само за потсетување некои закони за да ги објават, со Авион ги носеа до Подгорица на потпис кај Ѓорге Иванов, а  вечерва повторно се припрема ујдурма.

 

partners partners partners partners partners partners