ДС: Одлуката на Уставниот суд е победа на правото и здравиот разум

18.05.2016

ДС: Одлуката на Уставниот суд е победа на правото и здравиот разум

Демократскиот сојуз смета дека, Одлуката на Уставниот суд, да ја преиспита уставноста на Одлуката за самораспуштање на Парламентот со одложена примена, како и времената мерка за замрзнување на сите изборни активности е победа на правото и правната логика над политиката која води раководството на владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ).

Ова одлука е само искра надеж дека полека но сигурно ќе се демонтира еднопартиското и авторитарно владеење. Но патот до изградбата на демократско општество и правна држава е долг и тежок.

Граѓаните бараат промени, правда и мир. Затоа и секојдневно протестираат и нема да престанат се додека не се создадат услови за избори.

partners partners partners partners partners partners