Изјава за медиумите на Павле Трајанов, ПЕСТАЛОЦИ, 13:00 часот

11.12.2016

Изјава за медиумите на Павле Трајанов, ПЕСТАЛОЦИ, 13:00 часот


Денес граѓаните на Република Македонија, референдумски се изјаснуваат за промени, правда и стабилност.

Целосно сме посветени денес да завршат изборите без да се кршат изборните правила, резултатите да бидат одраз на волјата на граѓаните и никој да не се обиде да ја поништи  таа граѓанска определба.

Граѓаните сакаат мир, сплотеност и единство.

Од утре натаму сите заедно треба да ги засукаме ракавите и да започнеме со рабoта, реформи и враќање на нормално одвивање на животот.

Сите партии да изградиме консензус околу три стратешки работи:

-Договор за помирување и да престанат внатрешни поделби.

-Слободна- пазарна економија

-Влез во НАТО и ЕУ, промени со силно темпо, одговорно владеење и расчистување со организираниот криминал.

Очекуваме голема излезеност и поддршка од граѓаните за реализација на Изборната програма.

partners partners partners partners partners partners