КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА : АНКЕТАТА КАЖА ДЕКА СМЕ ТРЕТА ПОЛИТИЧКА СИЛА. НА 11 ДЕКЕМВРИ ДА СЕ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ ЗА РЕЖИМОТ ДА НЕ ИЗБЕГА

04.12.2016

КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА : АНКЕТАТА КАЖА ДЕКА СМЕ ТРЕТА ПОЛИТИЧКА СИЛА. НА 11 ДЕКЕМВРИ ДА СЕ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ ЗА РЕЖИМОТ ДА НЕ ИЗБЕГА

,, Фактор Плус Адриа,, денеска со анкетата кажа која е третата политичка сила во македонскиот политички блок.Тоа е Колаицијата за Промени и Правда предводена од Демократскиот сојуз со 7,3% поддршка од граѓаните. Тоа значи 15 пратеници во иднииот парламент. ,, -  изјави пред неготинчани и кавадарчани лидерот на Демократскиот сојуз Павле  Трајанов.

Според него Колаицијата за Промени и Правда е подготвена на принципиелни основи да се формира влада од опозициските политички партии,  но инсистира на вистинска војна против криминалците и расчистување со политичката мафија во рок од една година.

Упати апел до припадниците на службите за безбедност:

,, Ги повикувам сите припадници на службите за безбедност, на 11 декември да ги затворат границите за да не може режимот и фамилијата да избегаат. Сите што крадеа и ги избркаа младите ќе ги испратиме во бизнис центарот Идризово.

Порачувам припадниците на полицијата да бидат храбри и да обезбедат фер услови за избори. Токму со нив успеавме да ја испратиме ЈНА без ниту еден испукан куршум и за 24 часа да обезбедиме целосна контрола на целата територија на Македонија.

Сакам да ги охрабрам и просветните работници. Ги повикувам да ни се придружат за да не ги уценуваат и да не ги prилуваат да одат на митинзи. Ветуваме стабилност и економски развој,, - порача Трајанов пред кавадарчани и неготинчани.

Според носителот на изборната единица 4 Слободан Богоевски, режимот е веќе паднат, а тоа на 11 декември народот ќе им го соопшти.

,, Немојте да се плашите ни од режимот ни од оние од СДСМ.  Имаме поддршка од народот и од кога постои оваа коалиција  успеа да се претвори во општонароден фронт, посилен од СДСМ. Таа црно бела слика се менуваше 25 години, но во суштина не постои разлика меѓу ВМРО ДПМНЕ И СДСМ ,само се менуваат.  Да не ве чуди зошто СДСМ побара да не гласате за малите партии. Гласот за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е фрлен глас за изгубена иднина. Да не заборавиме дека 250 000 работници останаа на улица по вина на СДСМ. Не сме им ги заборавиле злоделата. Македонија мора да биде политички шарена. ,, -изјави Богоевски.

Кандидатката за пратеник м-р Драгана Кипријановска додаде дека ако денес секоја држава има мафија, мафијата во Мак едонијаима своја држава.

,, Дојде крај на заложништвото. Република Македонија нема веќе да биде изгубена и депресивна држава. Нема да постои парламент на послушници туку на народни избраници. Ќе овозможииме младите што избегаа да се вратат, а оние што останаа да егзистираат и да се развивааат. Да не се живее веќе во минус. 50% од граѓаните немаат заштеди и се должни. Државата конечно ќе ги тргне рацете од економијата,, -   изјави Кипријановска.

Кандидатот за пратеник Ванчо Петров, пред сограѓаните од Неготино изјави  дека итно треба да се прекине иселувањето на младите и да се стави крај на политичките поделби. Потсети дека Македонија беше пред многу држави во регионот, а сите не пристигнаа бидејќи сите досегашни власти не сакаа да имаме европски стндарди за да можат да егизстираат во хаос.

Со економската програма предвидуваме 800 милиони за развој, 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите,300 евра најниска плата и отворање на 30.000 мали фирми со 3 до 5 вработени, нагласи Трајанов.

Трајанов ги повика граѓаните, да излезат масовно и да гласаат за бројот 5, да гласаат за кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда, која има кадри кои ќе обезбедат стабилност

partners partners partners partners partners partners