Коалиција за промени и правда: Масовни протести

17.05.2016

Коалиција за промени и правда: Масовни протести

Коалицијата за промени и правда (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – Работничка партија и ДЕМОС) смета дека по упорното, спротивно на Уставот одбивање на Трајко Велјановски, да свика седница на Собранието, неопходно е граѓанскиот притисок да се зајакне и протестите да бидат масовни.

Ги повикуваме сите граѓани, на континуирани и масовни протести пред Собранието, а пратениците да се приклучат на протестите.

Коалицијата за промени и правда, смета дека, Собранието е во постојано заседание и  мандатот трае и натаму. Трајко Велјановски, не го свикува Собранието, само поради отсуство на одговорно и државничко однесување и заштита на интересите на ВМРО – ДПМНЕ.

Очекуваме по обезбедување на поддршка од 62 пратеници, сепак Парламентот ќе одржи седница и ќе продолжи со нормално функционирање.

partners partners partners partners partners partners