Коалиција за Промени и Правда: Со 20, а не 63 може да се дојде до вистински промени во Македонија

18.10.2016

Коалиција за Промени и Правда: Со 20, а не 63 може да се дојде до вистински промени во Македонија

Коалицијата за Промени и Правда реагира на изјавите на претставниците на владеачката коалиција за тоа дека им се потребни 63 пратенички места за стабилна и просперитетна Македонија. Ние сме поскромни, велат од коалицијата, доволни ни се 20.„Ние сме многу поскромни од останатите апсолутно владеачки султански партии. И со 20 пратеници ќе успееме да предизвикаме вистински промени во Македонија. Тоа е пред сѐ со укинување на апсолутната власт на една партија, сопирање на огромната корупција и инвестиции во развој од 1 милијарда евра годишно од народниот буџет. Повеќе од сигурно е дека досегашните властодршци, кои за 25 години ја уништија државата, ниту со 80 пратеници не ќе можат да ја поправат ситуацијата. Нивната цел е иста - практикување власт по старо и водење сметка само за лични интереси. Потребна е нова сила за да работите тргнат навистина кон подобро. Таа нова сила сме ние“, велат од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.

Во Коалицијата за промени и правда членуваат партиите ДС и МОРО-РП и здруженијата ФРОДЕМ и ДЕМОС. Се очекува коалицијата да се прошири и до ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство.

Извор: МКД

partners partners partners partners partners partners