Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Средба со граѓаните во Виница и Кочани

01.12.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Средба со граѓаните во Виница и Кочани

Денес,  Регионалниот изборен караван на Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократски сојуз,  престојуваше во Кочани и Виница, каде Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3, оствари средба со граѓани и млади претприемачи.

Tаа го  посети општинскиот изборен штаб во Виница каде одржа прес конференција на кој истакна дека граѓаните не се плашат да кажат дека тешко се живее, дека е низок животниот стандард, дека трошоците да се преживее месецот  се големи, а дека се платите недоволни, односно минимални.

„ Младите си заминуваат, нема услови, а ни перспектива за нив. Се повеќе куќи се продаваат од овој крај а младите својот живот го започнуваат во Европските земји. Во овој крај секогаш имало печалбари, но тие секогаш се враќаа во своите огништа. Сега сликата е сосема поинаква. Бројот на жители во градовите од Источна Македонија е преполовен. Младите својата иднина повеќе не ја гледаат тука , додека претприемачите се жалат, дека нема можности за развој бидејќи сите привилегии им се даваат на странските инвеститори“.

Весна Стоименовска, за овие проблеми им понуди решенија од Програмата на Коалицијата за Промени и Правда и рече:„За да се спречи ислеувањето, ќе се формира фонд за млади кој ќе изнесува 2% од Буџетот на РМ за вработување на млади и креативни кадри. Со тоа ќе им отвориме перспектива на оние млади кои останаа тука и ќе им дадеме причина на оние кои заминаа да се вратат.

За решавање на проблемот со невработеност наш приоритет е развој на домашната економија и домашното производство, преку изедначување на бизнис условите како за домашни така и за странски компании, бидејќи стожерот на секоја економски развиена држава се малите и средни претпријатија.

Ние ќе дадеме целосна поддршка преку субвенции и поволни кредити за нивно отворање.

Наша проекција е дека за 5 години ќе се отворат над 30.000 претпријатија со од 3 до 5 вработени.Како мерка за борба против сиромаштијата и одговор на зголемените  животни трошоци ќе ја зголемиме минималната плата на 300 евра, за што предвидуваме поддршка од Буџетот, пари кои ќе ги обезбедиме преку силни антикорупциски мерки, кратење на непродуктивните трошоци  и укинување на репрезентација на функционерите“.Таа на граѓаните од овој крај  им го порача дека позади параванот се сами.

Гласањето е тајно и тоа право е загарантирано. На секој кој ќе се обиде да дознае кој како гласал, му следи казна затвор од 3 до 5 години.На крај ги повика граѓаните да гласаат за Коалицијата за промени и правда, велејќи дека гласот за овој блок е гарант дека во Македонија ќе се случат вистински промени.Не се плашете режимот ќе падне.

Слободно и без страв, заокружете број 5. 

partners partners partners partners partners partners