Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: ЗА СОНЧЕВ ГРАД ОДГОВОРНОСТ

30.11.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: ЗА СОНЧЕВ ГРАД ОДГОВОРНОСТ


На денешната прес конференција, Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници од првата изборна единица, од Водно, најави дека ќе бара одговорност  на поранешниот  премиер Никола Груевски, кој од лукративни мотиви дал налог да се гради Сончев Град на Водно, со што е направена деградација на Водно, уништен е шумски фонд и се случуваат огромни разорувања и ерозија каде што поминува патот, при што потпорните ѕидови попуштиле и е направена огромна штета.

Ова е класичен пример на самоволие, ароганција и алчност.

Да се потрошат десетици милиони евра за да оствари профит странска компанија и притоа да се уништат "Белите дробови" на Скопје е злосторство спрема сопствениот народ.

За оваа коруптивна и анти граѓанска зделка мора и ќе има одговорност, изјави Павле Трајанов.

Идејата за пошумување (Ден на дрвото) беше прифатена од граѓаните, но власта ја узурпира, исполитизира и климинизира. Многу пари се потрошени, украдени, но зеленило нема.

Коалицијата за Промени и Правда има програма, со која се предвидува гасификација на Македонија, како битен предуслов за заштита на шумите и намали загадувањето.

Павле Трајанов од Плоштадот Македонија нагласи дека од лице место на најконтроверзниот и криминален проект Скопје, објавувам дека целосно ќе го имплементираме проектот ДЕКРИ со кој ќе обезбедиме систем за над шест милијарди евра, украдени од функционери, да бидат вратени на граѓаните. Тие милијарди низ судска постапка ќе бидат конфискувани и вратени директно на граѓаните. Не во  Буџетот на државата, туку по 3.000 евра на секој граѓанин.

Весна Стоименовска, носител на третата изборна единица зборуваше за економската програма при што нагласи дека ќе обезбедиме 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите .

Предвидуваме отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат од 3 до 5 млади и стручни кадри или над 100.000 нови работни места.

Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, која ќе обезбеди стабилност, владеење на правото и економски развој.

Граѓаните се сигурни и знаат дека режимот ќе падне.

partners partners partners partners partners partners