13.05.2016
Уставниот суд на 18.02.2016 година расправаше по иницијативата на ДС за самораспуштање на Парламентот
Демократскиот сојуз, на 22.01.2016 година, поднесе иницијатива до Уставниот суд, за оценување на Уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија (донесена на 18.01.2016), за негово самораспуштање со одложена примена.
Постапувајќи по оваа иницијатива, Уставниот суд на 18.02.2016 година донесе решение со кое ја отфрли иницијативата, прогласувајќи се дека не е надлежен да одлучува по одлуката на Собранието на Република Македонија за негово самораспуштање.
Имајќи го во вид ова, сметаме дека повторните обиди, Уставниот суд, да донесе одлука за поништување на Одлуката за самораспуштање на Собранието е само губење на време.
ДС укажува дека, согласно Уставот на Република Македонија (член 66 став 1) и Деловодникот за работа на Собранието на Република Македонија (член 5 став 1), Собранието е во постојано заседание, а мандатот на пратениците трае од денот на верификување на нивниот мандат до денот на конституирање на Собранието во нов состав и верификација на мандатот на новоизбраните пратеници (член 15 став 4 од Изборниот законик).
ДС оценува дека постојат Уставни и Деловнички можности да се свика итна седница на Собранието на Република Македонија, на барање на најмалку 20 пратеници.
Такво барање е веќе доставено до претседателот на Собранието на Република Македонија на 14.04.2016 година.