(ВИДЕО):Павле Трајанов за ТВ Алсат М-Дали ветингот што се подготвува за вработените во институциите ќе даде резултат?

31.08.2019

(ВИДЕО):Павле Трајанов за ТВ Алсат М-Дали ветингот што се подготвува за вработените во институциите ќе даде резултат?

Министерството за внатрешни работи веќе ја почна процедурата на проверка. Таму прво ќе стартува процесот на т.н. ветинг. За екс-министерот за внатрешни работи Павле Трајанов прочистувањето во полицијата и безбедносните служби е неопходно бидејќи нарачаните судско-полициски случаи се иницираат преку нив и тоа со вклучување на јавните обвинители и на судиите. Трајанов посочува дека таму треба да работат професионалци со кредибилитет, кои што ќе го почитуваат Уставот и законите и ќе се грижат за правата на граѓаните.

„Се зависи од партиите. Дали политичките партии нема да ги штитат своите членови вработени во овие инситуции. Ако се изградат цврсти јасни критериуми, ако партиите ги тргнат рацете од институциите од МВР, од службите за безбедност тогаш може да се очекува дека тоа прочистување ќе се одвива на еден законит транспарентен начин без можност за било каква злоупотреба. Затоа што вие знаете сме имале големи вакви процеси, лустрацијата која се искористи за политичка елиминација, Би бил против тоа ако преку ветингот ќе има прочистување по партиска основа.Тоа треба да биде спречено во старт“, вели Трајанов.

Поранешниот обвинител Александар Наков ја поддржува идејата за ветинг во судството.

„Ветингот е еден од формите да се направи проверка на судиите и на јавните обвинители во смисла на нивниот личен интегритет на нивната стручност. Мислам дека во Албанија се направи таков чекор па притоа дојде до самооткажување на голем број на вршители на  функции, сами се повлекоа што за мене е еден задоволителен факт и причина што мислам дека ќе се случи такво нешто. Па и самиот ветинг, проверувајќи ја материјалната состојба може да докаже дека одредени наши функционери, судии и јавни обвинители преку ноќ станаа големи богаташи кои располагаат со станови, коли, џипови, вили“, вели Наков.

И Наков и Трајанов сметаат дека „ветинг“ треба да има во сите државни институции каде граѓаните остваруваат одредени права. Не помалку е битно да има ветинг и во  Министерствата за екологија, економија, транспрот и врски но и во општините каде што се одлучува за правата на граѓаните, бидејќи како што вели Трајанов повеќе од сигурно е дека таму има и корупција но, и многу недолично одесување, односно не се води сметка за дигнитетот на странките. Посочува дека треба да се донесе Закон со кој прецизно ќе се дефинираат критериумите низ кои треба да помине секој поединец.

Преземено: Алсат М

partners partners partners partners partners partners