Демократски сојуз: Блокада на Македонија



12.08.2016 

Демократски сојуз: Блокада на Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ со опструкциите да се конституира Парламентот, потоа изборот на претседател и потпретседатели на Парламентот, да се спроведат кадровски промени во Јавното обвинителство и да се реформира судскиот систем, врши класична блокада на реформите и блокада на реализација на програмите на партиите од парламентарното мнозинство.

Овие блокади значат и кочење на евроатланските процеси и спроведување на заклучните согледувања на Прибе, за реформи во тајните служби, медиумите и правосудството.

Определбата на опозицијата и преку неприфаќање на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, имплементацијата на Уставните решенија за користење на албанскиот јазик и најавата за блокада за надминување на спорот наметнат од Грција, се нивна  изборна платформа за градоначалници и советници. Тоа е силна манипулативна кампања која се обидува да допре до емоциите на граѓаните, независно каква цена ќе платиме сите и уште колку млади ќе се иселат од Македонија поради нездравиот амбиент што го создаваат, сиромаштијата и неправдата, како и блокадата на работата на клучните институции.

Кадровските промени се клучни за имплементација на програмата на Владата и затоа треба истите да се реализираат во најкраток можен период.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners