Демократски сојуз: Глас на разумот

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

Пратениците треба да расправаат отворено, да ги соочат различните ставови и аргументи и без емоции да донесат  разумна и мудра одлука.

Силната партизација на референдумот и поделбите по партиска, етничка и верска основа, не доведе до пред колапс и дваесет и осум годишната работа на сите граѓани и влади, да биде залудна и да не врати во Балканската кал.

Пратениците се пред огромен предизвик, бидејќи  тие со дигање на два прста одлучуваат дали ќе ја срушат Македонија или ќе покажат лидерство и  ќе ја стават на вистинскиот колосек.

Само "ЗА" значи стабилност, безбедност и опстојување на држава во која ќе може пристојно да се живее.

Алтернативата е неизвесност и држава без народ, млади и иднина.

Затоа Ве повикуваме без двоумење, направете го тој "мал чекор ", но со огромна големина за Македонија.

Последни Активности

17.02.2019

Демократски сојуз: Да се направи вонредна контрола над ДРИСЛА

Да се направи вонредна контрола над ДРИСЛА, откако по изминатото деноноќие голем број на граѓани предупредија на константно ширење на загаден воздух и чад.

 

прочитај повеќе...

24.11.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВО ДРИСЛА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДЕПОНИРА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД

Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на информациите (“сериозни индиции“) презентирани во јавноста, дека во депонијата " Дрисла" во близина на Драчево, се уништувал радиоактивен отпад.

прочитај повеќе...

17.02.2019

Демократски сојуз: Државните институции да реагираат по автобуската несреќа

За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:

прочитај повеќе...

06.02.2019

Демократски сојуз: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани

Приемот на Македонија во НАТО е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани. 

прочитај повеќе...

06.02.2019

Демократски сојуз: Потребни се реформи и работа

Не намалувајќи ја важноста на претседателот на Република Македонија, Демократскиот сојуз, смета дека претседателските избори треба да се одвиваат во фер и политички натпревар

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners