Демократски сојуз: Национално помирување

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

Во декларацијата треба да се нагласат причините и потребата од помирување, стратешки цели за кои не треба конфронтации, туку консензус и единство, како што се унитарниот карактер на државата,територијалниот интегритет, евроатланските интеграции, владеењето на правото, повеќепартискиот систем и слично.

Со декларацијата треба да се предвиди рехабилитација и обесштетување на жртвите на еднопартискиот систем и по него, обнова на монтираните политичко -судски процеси, преиспитување на селективната и неправедна лустрација, неправедната приватизација итн.

Инаку, помирувањето не треба да се меша со идеите за амнестија  од кривична одговорност на носители на високи политички и државни функции, а  во контекстот на евроинтеграциските процеси и членство во НАТО.

Последни Активности

12.02.2014

ДС: За консензуален претседател одлучуваат граѓаните

За претседател на државата треба да биде предложен кандидат со високи морални квалитети, со личен и професионален интегритет, кандидат кој ќе биде посветен на реализација на приоритетите на Република Македонија, а тоа се евроинтеграциите и полноправното членство во НАТО. 

прочитај повеќе...

26.12.2013

Трајанов за Нова Македонија: Одговорност за спорот со името треба да преземат сите релевантни политички фактори

Господине Трајанов, имавте повеќе предлози што би можеле да го олеснат наоѓањето решение за името. Побаравте ЕУ-посредник за спорот со Грција, но веќе подолго време барате и општ консензус за прашањето.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners