ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БЕЗ ОДГОВОРНОСТ НЕМА РЕФОРМИ

23.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БЕЗ ОДГОВОРНОСТ НЕМА РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз смета дека во рамките на реформите на судскиот систем мора да се предвиди одговорност за сите кои на било каков начин ја попречуваат правдата, при што посебно треба да се нагласи одговорноста на носителите на високи политички и државни функции.

Во оваа насока предлагаме да се предвиди кривично дело "попречување на правда" за сите кои користејќи ја политичката моќ, спречуваат или опструираат да се води ефикасна борба против тешките облици на организиран криминал.

Извештајот за работата на Специјалното обвинителство само ги потврдува оценките дека во Македонија и покрај промената на Власта и натаму постојат системски слабости и влијание на политичко -финансиски центри  кои спречуваат да се утврди одговорност за грабежот кој се случуваше во изминатиот десетгодишен период.

Доколку и натаму се развлекуваат постапките и релативизира одговорноста, тогаш криминалот наместо зло со кое треба да се справиме, ќе стане "вредносна категорија".

Со системските промени треба да се продолжи и мандатот на СЈО, без било какви временски ограничувања.

Последни Активности

08.08.2018

Павле Трајанов за Слободен печат: Рано е да се прават анкети за референдумот

 Сè уште е рано да се прават анкети во врска со референдумот, иако,  бројките од анкетите имаат големо влијание во целиот процес.

прочитај повеќе...

02.08.2018

Демократски сојуз: Честит Илинден

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 2-ри Август, најголемиот празник на Македонците и сите граѓани на Република Македонија, Денот кога се удрени темелите на суверена, независна и слободна Македонија.

прочитај повеќе...

28.07.2018

Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ

Деновиве од страна на политички партии, експерти и медиуми, се отвораат дилеми околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

прочитај повеќе...

19.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.

прочитај повеќе...

13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners