Демократски сојуз: Бракот помеѓу судот и политика да се раскине

20.11.2019

Демократски сојуз: Бракот помеѓу судот и политика да се раскине


Демократскиот сојуз критички ја опсервира работата на правосудните органи и се залага за нивна самостојност и одговорност во извршувањето на обвинителската и судската дејност.

Демократскиот сојуз постојано се залага за генерален реизбор на обвинителите и судиите, како и коренити реформи во поставеноста на судскиот систем, изборот и обуката на судиите, градење на механизми за незавизност, двостепеност на постапките, развиен и објективен контролен механизам над судиите и сл.

Целокупното наше залагање е да имаме високо професионални, одговорни и добро платени судии со висок професионален и морален интегритет.

Цврсто сме определени политичарите, посебно извршната власт да не се меша во работата на судовите.

Но мега аферата РЕКЕТ јасно и недвосмислено ги потврдува оценките дека постои спрега помеѓу центрите на моќ, политичкото и бизнис подземје, како и мафијата, која е се подобро организирана и присутна во Македонија. Само во Скопје нека се провери колку "ресторани" отвори нарко и урбаната мафија каде се дели кокаин и други дроги, се врши проституција итн. По правило се работи за нелегални градби, каде не се почитува работно време и се пушта гласна музика, а граѓаните попусто ѕвонат на 192.

Без реформи во судството, нема владеење на правото и во право е обвинителката Русковска, нема ниту влез во Европската Унија.

Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners