Демократски сојуз: Граѓаните да гласаат за Европска Македонија

05.09.2018

Демократски сојуз: Граѓаните да гласаат за Европска Македонија

Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата на која присуствува и претседатели на општинските организации на ДС, донесе одлука за вклучување на Демократскиот сојуз во информативна кампања во врска со претстојниот референдум, закажан за 30 Септември, 2018 година.

Демократскиот сојуз во рамките на Коалицијата “ЗА“ Европска Македонија, преку непосредни контакти, средби со граѓани, трибини, митинзи, учество во дебати емисии и други активности, граѓаните ќе ги информира за договорот постигнат со Грција и перспективите кои се отвораат со членството во НАТО и Европската Унија.

Само со објективно информирање и мирна кампања, граѓаните ќе можат да ги препознаат историските димензии на референдумот и позитивниот исход од истиот.

Со влезот во НАТО и ЕУ ќе се јакне унитарниот карактер на државата, внатрешната кохезија, владеење на правото и ќе се создадат услови за подинамичен економски развој.

На овој референдум не се гласа за партии, туку се гласа за иднината и перспективите на Македонија, посебно за младите генерации кои треба да создаваат и работат во Македонија.

На овој референдум граѓани одлучуваат за Европска Македонија.

 

Последни Активности

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

прочитај повеќе...

03.10.2018

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners