ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИВАНОВ ДА ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ

20.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИВАНОВ ДА ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ

Демократскиот сојуз го повикува претседателот Ѓорге Иванов, да го потпише указот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција со кој се деблокираат евроатласките процеси и се создаваат реални можности да добиеме покана за полноправно членство во НАТО и да започнат преговорите за влез во Европската Унија.

Доколку и натаму опстојува на ставот дека нема да го потпише указот, тогаш го повикуваме Иванов, веднаш (вечерва), Законот за ратификација на договорот, да го врати назад до Парламентот, за да може да се гласа повторно и  за истиот заврши постапката за ратификација.

Доколку и натаму ја опструира постапката за евроатланските процеси, ќе се соочи со политичка и кривична одговорност.

Демократскиот сојуз смета дека никој нема право да ја попречува и одолговлекува постапката за непосредно-референдумско изјаснување на граѓаните за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

За овој Договор со кој се јакне државноста и националниот-македонски идентитет и јазик, како и унитарноста на Република Македонија, треба да се отвори широка јавна дебата и извесно е дека ваквиот договор ќе добие огромна поддршка од граѓаните

Од членството во ЕУ и НАТО се плашат самопрогласените  патриоти кои со лажен патриотизам и манипулација со чувствата на граѓаните се обидуваат да го покријат грабежот и криминалот, како и нивната одговорност.

Последни Активности

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

прочитај повеќе...

03.10.2018

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners