Демократски сојуз: Измени на изборниот законик

19.09.2019

Демократски сојуз: Измени на изборниот законик

Демократскиот соjуз до Собранието на Република Северна Македонија достави Предлог-Закон за изменување на Изборниот законик,со кој се бара промени на изборниот модел,при што најбитна промена е Македонија да биде една изборна единица  при избор на пратеници.

Со промените ќе се демонтира "еднопартискиот систем",ќе се создадат услови за суштински и системски промени во начинот на владеење,ќе се зголеми одговорноста на извршната власт,посебно на премиерот и министрите,Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и  ќе имаат можност на избор.

Досега на секои парламентарни избори од 100 до 150 илјади гласови,согласно Донтовиот модел се прелеваа кај поголемите партии,се создаваа услови за авторитарно владеење и наместо владеење на правото имаме целосна партизација на државните институции,за се одлучуваат партиите на власт и целосна зависност на законодавната и судската власт од партиите.

Освен околу бројот на изборните единици,измени се неопходни и во врска со финансирање на изборната кампања,финансирање на редовната активност на партиите,медиумското преставување,редоследот на партиите на гласачкото ливче итн.

Со промените на Изборниот законик треба да се создадат еднакви шанси за сите политички партии.

Предлог-законот може да го најдете на следниот линк

Анализата -Eдна изборна единица како најдемократско решение може да ја најдете на следниот линк



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners