ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

17.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

Демократскиот сојуз смета дека посетата на Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО, е од исклучителна важност и признание за реформите и демократските капацитети на Република Македонија.

Македонија беше лидер на демократските реформи во Балканот, носител на Јадранската група за влез во НАТО, учествуваше и учествуваа со воени сили во повеќе меѓународни мировни мисии (Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и др.), во 1999 година прифати над 500.000 бегалци од Косово, Криволак е своевиден вежбовен центар и ги заврши сите значајни реформи во одбраната согласни стандардите на НАТО.

Евроатланските процеси се движечка сила и неспорно е дека се направени крупни промени.

Поради се што е направено, како и цврстата граѓанска определба и решеност за влез во НАТО и ЕУ, го повикуваме Столтенберг, да направи се што е во негова моќ, Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Приемот на Македонија во НАТО, ќе придонесе и за стабилизација на Балканот, како и услови за демократски и економски развој на сите држави од регионот.

Општиот политички и граѓански консензус, се гаранција дека Македонија ќе продолжи со демократските реформи и ќе етаблира систем на владеење на правото, како и целосно почитување на основните човековите права и слободи.

Последни Активности

17.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА НА БРЗА ЛЕНТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека, одлуката на Европската Комисија, Република Македонија да добие безусловна препорака за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија е признание за сите граѓани кои цврсто се определија за промени...

прочитај повеќе...

08.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА

Демократскиот сојуз на сите православни верници им го честита Велигден, денот на Исусовото воскресение.

прочитај повеќе...

02.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СИСТЕМСКИ И КОРЕНИТИ РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз смета дека се неопходни системски и коренити реформи, се со цел да се обезбеди владеење на правото и правна сигурност, како битни предуслови за стабилност на државата и економски развој.

прочитај повеќе...

18.03.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ОДБЕЛЕЖА 18 ГОДИНИ

Денес,18 март 2018 година, во Скопје, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ  ,одбележа 18 години од формирањето на партијата.На одбележувањето, присуствуваа над 200 активисти на ДС, гости од политички партии, медиумите и симпатизери на ДС.

прочитај повеќе...

26.02.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФОРМИТЕ ГИ ОТВOРАAТ ВРАТИТЕ НА ЕУ И НАТО

Демократскиот сојуз оценува дека, силната и недвосмислена поддршка од највисоките претставници на ЕУ и НАТО, за реформите и промените кои се одвиваат во Република Македонија, мора да биде мотивирачки  фактор на внатрешна кохезија и преземање на одговорност од сите граѓани...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners