Демократски сојуз: Мандат за излез од кризата

30.01.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАНДАТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

По неуспешниот обид ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди парламентарно мнозинство за избор на Влада, сосема логично и легитимно е мандатот за состав на нова Влада да го добие СДСМ.

И покрај укажувањата на експертите и Уставните решенија, мандатот да го даде на партијата или партиите што имаат мнозинство во Парламентот, Ѓорге Иванов, мандатот го даде на ВМРО ДПМНЕ, со што го прекрши Уставот и овозможи огромна предност на мандатарот Никола Груевски да формира Влада, но  обидот остана без резултат.

Сега во интерес на стабилноста, националните, државните и интересите на граѓаните е да се избере Влада која ќе обезбеди стабилност, владеење на правото и ќе спроведе длабоки реформи.

Проценките се дека има мнозинство и сосема е извесно дека одговорноста за состав на нова Влада ќе биде и на СДСМ, но и на другите партии.

Инаку не ни се потребни отворање на вештачки дилеми околу Уставните решенија или повторно избори, мнозинството граѓани (над 612.000) се определени за промени стабилност.

Затоа од сите партии се очекува разумно и одговорно однесување и водење сметка за државните интереси.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners