Демократски сојуз: Пратениците не треба да се привилегираат со посебен закон

26.12.2018

Демократски сојуз: Пратениците не треба да се привилегираат со посебен закон

Демократскиот сојуз смета дека е спротивно на уставното начело на еднаквост на граѓаните, да се донесе посебен закон за пратениците со кој ќе им се овозможат посебни услови за пензионирање, приоритет при вработување и друг вид на погодности.

Во 2005 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за пратеници („Службен весник на РМ" бр.84/2005), со кој беа предвидени бенефиции за пратениците, меѓу кои и услови за предвремено пензионирање, со само 25 години работен стаж и 55 години старост, а пензијата да изнесува 80% од пратеничката плата.

На иницијатива на Демократскиот сојуз, но и други предлагачи, Уставниот суд, со одлука од 12 април 2006 година („Службен весник на РМ“ бр.52/2006), ги укина одредбите од Законот за пратеници, со кои се определуваа повеќе привилегии на пратениците.

Од тука, иницијативите и барањата на пратеници од активниот пратенички состав, немаат уставна и реална основа да се стекнуваат со посебни права и привилегии во споредба со правата на останатите вработени и граѓани.

Апсурдно е пратениците да се заштитат со посебен Закон за нивни привилегии.

Последни Активности

12.01.2019

Демократски сојуз: Поглед кон иднината

Демократскиот дојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

прочитај повеќе...

08.01.2019

Демократски сојуз: Осуда за национализмот

Демократскиот сојуз најостро го осудува национализмот преку кој има обиди да се блокираат евроатланските процеси на Република Македонија.

прочитај повеќе...

08.01.2019

Разговор на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за Дневник. бг: "Северна Македонија" е ново име на стари проблеми

Павле Траянов предложил първо да приключи съдебният процес и едва след това да се мисли за амнистия. "Прекъсването на съдебния процес започна точно тогава, когато обвинените започнаха да обясняват кой е организатор на събитията. 

прочитај повеќе...

31.12.2018

Демократски сојуз: Година на надежи и успеси

Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата Година со искрени желби за многу здравје, среќа и успеси.

прочитај повеќе...

26.12.2018

Демократски сојуз: Пратениците не треба да се привилегираат со посебен закон

Демократскиот сојуз смета дека е спротивно на уставното начело на еднаквост на граѓаните, да се донесе посебен закон за пратениците со кој ќе им се овозможат посебни услови за пензионирање, приоритет при вработување и друг вид на погодности.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners