Демократски сојуз: ПРОМЕНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

19.09.2016

Демократски сојуз: ПРОМЕНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

 

Денес, Павле Трајанов, претседател на ДС, престојуваше во Штип, при што имаше средба со граѓаните на која зборуваше за сложената политичка состојба и потребата од формирање на политички блок како одговор на граѓанскиот предизвик и потребата од промени.

Во својот настап Трајанов нагласи дека еден од врвните приоритети е создавање услови младите, способните и креативни кадри да останат овде во Македонија:“Имаме проект со кој се предвидува за сите што ќе завршат високо образование година дена да поминат на работа во државни институции или приватни компании со надоместок од 10.000 денари и здравствено осигурување на сметка на Буџетот на РМ."

Приемот на работа во државната и јавната администрација, локалната самоуправа и јавните претпријатија да се врши врз основа на три критериуми:

-постигнат успех на студиите

-ранг на факултетот и

-време на чекање.


На овој начин целосно ќе се елиминира партиското влијание при вработување.

Македонија е во криза поради високата корупција и институционалниот криминал, поради што само со промена на власта може да се спроведе проектот ДЕКРИ, односно одговорност за тие што ја ограбија државата, конфискација на имотот стекнат со криминал и забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.


Трајанов зборуваше и за потребата од системски промени, Македонија да биде една изборна единица и реформи во судскиот систем, како и поддршка на домашните компании, како битен предуслов за економски развој.

Новиот политички блок "Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА" е одговор на граѓанскиот предизвик и гаранција дека ќе има промени во државата.Демократскиот сојуз е отворен за соработка со опозиционите партии, граѓанскиот сектор и поединци кои се определени да истраат во политичката борба за симнување на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од власт.На средбата присуствуваа и претставници од ФРОДЕМ, МРО – Работничка партија и ДЕМОС.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners