Демократски соjуз: За долгот да одлучува Парламентот

25.07.2016

Демократски соjуз: За долгот да одлучува Парламентот

Демократскиот сојуз поднесе предлог на измени на Законот за јавен долг, со кои се предлага, Владата на Република Македонија, преку издавање хартии од вредност (обврзни и сл.), најмногу да може да ја задолжи државата 100 милиони евра за една година, со што ќе се спречи неосновано зголемување на надворешниот долг, кој треба граѓаните да го враќаат.

За долг над 100 милиони евра ќе одлучува Собранието на Република Македонија, со што ќе се обезбеди поголема одговорност но и транспарентност при носењето одлука за задолжувањето на Република Македонија.

Последното задолжување од 450 милиони евра и каматна стапка од 5,6%,  без претходни анализи и консултации, како и без образложение за тоа каде ќе се трошат средствата, потенцијалот и начинот на кој ќе се враќаат и без информирање на Парламентот и јавноста, остави сомнеж дека овие средства власта ќе ги користи за клиентелизам во врска со претстојните парламентарни избори.

Инаку со неконтролираното зголемување на јавниот долг се поткопува економската основа на државата и може да има огромни негативни последици по стабилноста и економскиот развој.

Вкупниот надворешен долг изнесува над 50% од БДП, при што е доведено во прашање навремено сервисирање на обврските спрема странските кредитори и внатрешната финансиска стабилност.

ДС очекува поддршка од сите пратеници нa овој предлог.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners