Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија донираа учебници за Македонците во Пустец

28.11.2020

Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија донираа учебници за Македонците во Пустец

Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија, денес во Пустец, Р. Албанија  донираа учебници на македонски јазик за Македонците, ученици во заедничкото основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“.

Станува збор за комплети учебници, работни тетратки и збирки задачи по предметите Математика и Природни науки за учениците од прво до петто одделение, или вкупно 540 книги и учебни материјали.

Донацијата беше врачена од страна на претседателот на Демократскиот сојуз, г. Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски.

Директорот на училиштето во Пустец, Трајан Вангеловски, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски и пратеникот во парламентот на Република Албанија, Васил Стерјовски се заблагодарија на донацијата на книги која ќе им овозможи на учениците полесно совладување на наставната програма.

Според одлуката на Владата во Тирана, Македонците во Албанија имаат право на настава на македонски јазик во основното образование, но се соочуваат со недостиг на учебници по соодветните предмети на македонски јазик.

Во училиштето во Пустец учат 125 ученици во основното образование, и 30 ученици во средно.

Во општината Пустец која опфаќа 9 населени места,  живеат 6000 жители, кои се Македонци по националност.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners