ДС: Македонија една изборна единица

22.01.2019

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.

Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата и демонтажа на "еднопартискиот систем", треба да се направи  голем исчекор, а тоа е да се промени Изборниот  законик, со  кој ќе се определи Македонија да биде една изборна единица.

Само со една изборна единица  составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на битни одлуки за перспективите на државата.

Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсира двете партии, ВМРО -Д0МНЕ и СДСМ, овозможувајќи  им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.

Демократскиот сојуз смета дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори.

Демократскиот сојуз ги повикува сите помали партии заедно да се ангажираме и се избориме за фер услови за политички натпревар.

Последни Активности

17.02.2019

Демократски сојуз: Да се направи вонредна контрола над ДРИСЛА

Да се направи вонредна контрола над ДРИСЛА, откако по изминатото деноноќие голем број на граѓани предупредија на константно ширење на загаден воздух и чад.

 

прочитај повеќе...

24.11.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВО ДРИСЛА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДЕПОНИРА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД

Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на информациите (“сериозни индиции“) презентирани во јавноста, дека во депонијата " Дрисла" во близина на Драчево, се уништувал радиоактивен отпад.

прочитај повеќе...

17.02.2019

Демократски сојуз: Државните институции да реагираат по автобуската несреќа

За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:

прочитај повеќе...

06.02.2019

Демократски сојуз: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани

Приемот на Македонија во НАТО е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани. 

прочитај повеќе...

06.02.2019

Демократски сојуз: Потребни се реформи и работа

Не намалувајќи ја важноста на претседателот на Република Македонија, Демократскиот сојуз, смета дека претседателските избори треба да се одвиваат во фер и политички натпревар

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners