КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА:ШТАБОТ НА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ БИДЕ СТУДЕНТСКИ ДОМ

07.12.2016

КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА:ШТАБОТ НА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ БИДЕ СТУДЕНТСКИ ДОМ


Коалицијата за промени и правда вечерва одржа митинг во Кисела Вода, каде Павле Трајанов, носител на првата изборна единица во Скопје, ги повика неопрделените да излезат и да гласаат за промени, за да се содадат услови да се спроведе правото и да расчистиме со политичката мафија.80% од граѓаните се против овој режим и тоа е гаранција дека ќе победиме.

Со проектот ,, ДЕКРИ,, предвидуваме робусни антикорупциски мерки, конфискација на криминално стекнатиот имот и враќање на граѓаните.Не само конфискација на парите на носителите на функции и олигарсите во странските банки туку и овде во Макеоднија.  Многу фирми ,, насилно,, се превземени од ,,фамилијата,, и затоа тој имот треба и ќе се врати на народот. Штабот на ВМРО ДПМНЕ за чија изградба и луксуз се потрошени над 30 милиони евра ќе се конфискува и претвори во студентски дом.

Сакам да му порачам на Никола Груевски да го заборави Ќосето и насилството.

Поразот колку и да е болен мора да го прифати. Со избори не се прикрива криминалот, секој мора да одговара за злоделата.

Со економската програма ќе обезбедиме услови во која ќе се вработат над 90 000 младии квалификувани кадри.

Од буџетот ќе намениме 800 милиони евра за економски развој и 2% од буџетот за проекти на младите .

Предвидовме и бесплатна здравствена заштита и модерни регионални здравствени центри.

Во образованието, реформите ќе ги прават универзитете, студентите и бизнис заедниците.

Екстернето тестирање ќе го укинеме. Тој проект за малтретирање на учениците, родителите и наставниците нема потреба и натаму да постои, а власта да го користи за притисок, пред се на наставниците, да ги притиска тие што ги образуваат и воспитуваат децата.

Стратешки, национален и државен интерес е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ. За тоа има граѓански консензус и тоа ќе го направиме, без да го менуваме уставното име. Ние сме за Унитарна и демократска Македонија.

На митингот говореа и Глигор Стоименов и Драгана Букилица кандидати за пратеници во  првата изборна единица.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners