Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Средба со граѓаните во Крива Паланка

26.11.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Средба со граѓаните во Крива Паланка

Регионалниот изборен караван на Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократски сојуз, денес престојуваше во Крива Паланка, каде Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3,  разговараше со граѓаните  и ја презентираше Изборната програма на Коалицијата за Промени и Правда.

На прес конференцијата за медиумите  Весна Стоименовска им порача на жителите од  Крива Паланка дека сликата е секаде иста, луѓето тешко живеат, а младите се иселуваат. Овој режим не само што ги изнесе  парите, туку ги исели и младите.

Нема вработувања,  граѓаните не можат да си ги платат сметките, за младите нема перспектива и тие си заминуваат. Велат, ова веќе не се трпи.

“Но, порачуваме ќе ги вратиме и парите украдени од граѓаните,  а ќе ги вратиме и младите. За поддршка и вработување на млади и стручни кадри ќе формираме фонд за млади во износ од 2% од Буџетот на РМ. Така, прво ќе се задржат оние млади што веќе се тука бидејќи ќе им се обезбеди директна перспектива, но тоа ќе значи и можност оние што заминале да имаат причина да се вратат. Имајте на ум дека на Запад нашите паметни млади не ги земаат за експерти, туку за работници. Тука ако останеа, ќе беа интелектуалци без пари со уништен живот. Со овој фонд ќе им се даде шанса за нов почеток, тука кај нивните семејства” –изјави Стоименовска пред насобраните жители.

Како одговор на невработеноста, ќе се фокусираме на реална и максимална поддршка на отворање на мали и средни претпријатија со 3-5 вработени и ќе ги изедначиме условите  за инвестирање како за странските, така и за домашните компании. Главниот стожер на македонската економија ќе биде домашното производство и трудот на работникот ќе биде правилно вреднуван, согласно зголемените животни трошоци.

Не се плашете режимот ќе падне! Слободно и без страв, заокружете број 5.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners