Незадоволните и неодлучните-Влезница за третиот блок во Собранието

19.10.2016

Незадоволните и неодлучните-Влезница за третиот блок во Собранието

Незадоволните и неопределените гласачи би можеле да им ја отворат вратата од Собранието на третиот блок партии. Во услови на крајно биполитизирано општество и поделба меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, помалите партии ја гледаат својата шанса за придобивање доволен процент гласови што ќе им обезбеди парламентарен статус и влијателност во политичкиот живот во земјава. Кога е во прашање третиот блок, составен од десните партии наречен Коалиција за промени и правда (КПП), тие не кријат дека целта им е и поразување на актуелната власт со цел заминување на партиското водство, а потоа и враќање во матичното јадро.

Овој блок, кој засега е составен од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, МОРО - Работничка партија и ДЕМОС, се' уште чека одговор од ВМРО-НП на Љупчо Георгиевски и Достоинство. Според нашите информации, „народњаците“ најдоцна до петок ќе и' пристапат на коалицијата, а позитивен сигнал се чека и од Стојанчо Ангелов. Нивното заедничко мото е формирање „нов, силен политички блок, кој ќе дејствува за да се случат промени и правда во Македонија“. Приоритетни цели на КПП се да се натераат политичарите да почнат да мислат на општиот интерес, како и завршување на досегашната пракса со која политиката ја заробуваше јавноста.

„Кога на народот нема да му биде важно ниту кој е премиер, ниту кој е претседател на државата - тогаш можеме да зборуваме дека има демократија во Македонија“, посочуваат од КПП.

Има ли простор за третиот блок партии? Ако се земе предвид дека на изборите закажани на 11 декември годинава, право на глас имаат околу 1,8 македонски државјани, партиските калкулации велат дека бројката на апстиненти се движи околу 400.000 граѓани со право на глас, а околу 300.000 се' уште не знаат за кого би гласале.

„Според нашите теренски истражувања, во моментов нашиот рејтинг се движи меѓу 6,5 и 7 проценти. Колку пратеници ќе значи тоа - ќе зависи од одзивот, но сигурно дека ќе се рефлектира врз бројот на гласови и пратенички места што ќе ги добијат двете најголеми партии“, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.

Тој вели дека нивната партија брои 30.000 членови, а заедно со членовите на другите коалициски партии, како и дел од неопределените, но и незадоволните и разочараните од политиките на партиите кои го држат приматот на политичката сцена, можат да создадат респектабилна бројка поддржувачи на нивниот блок.

„Да не гледаме сериозно на ова, не би ни влегле во целата работа. Повеќе од реални и објективни се нашите шанси да освоиме значителен број гласови“, смета професорот Јове Кекеновски.

Тој не го дели мислењето на дел од јавноста дека се слаби шансите на Коалиција за промени и правда да додаде боја во црно-белата политичка поделеност, ниту пак дека зад нивното формирање се крие идејата да ја ослабат владејачката партија, односно да ја зајакнат опозицијата.

„Нам не ни е целта да го ослабиме ВМРО-ДПМНЕ, туку да ја спасиме државата. Впрочем, најголем дел од нас и потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Ние бараме враќање на внатрешната демократија во партијата и заминување на партиската врхушка. Значи, не работиме против ВМРО-ДПМНЕ, туку против врхушката. А, како би си заминала таа, освен ако не доживее пораз на изборите?“, потенцира Кекеновски и додава дека ФРОДЕМ е основан од членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои немале можност да се докажат и искажат внатре во партијата, поради што по изборите очекуваат промени во партијата што десет години е на власт во земјава.

Дел од аналитичарите велат дека во земјава отсекогаш имало обиди за заживување на трет блок, но оти тој никогаш не успеал да се наметне на политичките сцена. Некои од коалициските партнери на СДСМ се изјаснија дека е добро „надвор од опозицискиот фронт да се направи и десен фронт од партиите, бидејќи тие би можеле да придобијат дел од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ“.

Извор: Утрински



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners