Павле Трајанов за Слободен печат: Рано е да се прават анкети за референдумот

08.08.2018

Павле Трајанов за Слободен печат: Рано е да се прават анкети за референдумот

 Сè уште е рано да се прават анкети во врска со референдумот, иако,  бројките од анкетите имаат големо влијание во целиот процес.

– Анкетата за референдумот што ја спроведе МЦМС покажува дека процентот на гласовите кај Македонците сè уште е многу низок. Затоа сметам дека ќе биде потребна една отворена кампања за Договорот со Грција и на тој начин на граѓаните да им се објаснат перспективите што во иднина ќе ѝ се отворат на Македонија доколку таа влезе во НАТО и во ЕУ.

Објективно, треба да им се пристапи на граѓаните за тие подоцна сами да одлучат дали ќе излезат на референдум, дали ќе гласаат „за“, „против“ или воопшто нема да гласаат.

Анкетите во овој момент повеќе се базираат на проценки отколку на реални бројки и затоа мислам дека е многу рано за да се спроведуваат такви испитувања.

Секако дека овие бројки имаат свое влијание во целиот процес, но најпрво треба Владата заедно со политичките партии, со невладиниот сектор и со медиумите да започне кампања за информирање на народот, па дури подоцна да се вршат анкети и да се анализираат резултатите.

Извор: Слободен печат

Последни Активности

03.12.2018

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

прочитај повеќе...

30.11.2018

Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела.

прочитај повеќе...

26.10.2018

Демократски сојуз: Национално помирување

Демократскиот сојуз смета дека помирување помеѓу левицата и десницата, како и пошироко национално помирување, треба да се одвива преку Парламентот, со донесување на: "ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ".

прочитај повеќе...

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners