Трајанов: Македонија треба да биде една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг


 

12.02.2020

Трајанов: Македонија треба да биде една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг

 

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, се залага за укинување на „еднопартискиот систем“, со цел да се создадат услови за суштински и системски промени во начинот на владеење,а со тоа да се зголеми одговорноста на извршната власт, посебно на премиерот и министрите. Оваа партија се залага и нуди решенија за борбата со загадениот воздух, но и со борбата со мафијата која располага и профитира од отпадот. Трајанов вели „За Демократскиот сојуз“ врвен приорите останува борба против криминалот, владеењето на правото, стабилност на државата и еднакви шанси за сите за бизнис.

Во продолжение интервју со претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов…

Политика:   Подолг период се зборува, но деновиве премногу актуелно е прашањето за тоа каков отпад се внесува во нашата држава. Во една прилика кажавте дека земјава буквално отвора борба со мафијата која располага со отпадот. Од каде треба да се почне, што треба да се направи да се стави крај на ова?

Павле Трајанов: Неопходно е да се направи анализа за загадувањето на воздухот, водата и почвата. Во неа мора да се направи и мапа на загадувачи и мерки на долгорочен и краткорочен план. Да се усогласат нашите стандарди со тие на Европската унија поврзани со користење на нафта и нафтени деривати, посебно мазутот, моторното  масло и сл. Да се забрани увоз на отпад како суровина, енергенс или депонирање на опасен отпад од странство.  Мора да се забрани употреба на опасен отпад (користено масло и сл.) како енергенс што го користат десетици илјади помали фирми итн. Медицинскиот и другиот опасен отпад треба да се третира согаласно стандардите, но и мора да се забрани увоз на користени – стари возила кои се надвор од стандардите на ЕУ.  Македонија е депонија на патнички и товарни возила кои ги фрлаат развиените земји членки на ЕУ, а после ни нудат помош за да се справиме со загадувањето.

Политика: Што е со нафтата, мазутот или маслото за кое велите дека е канцерогено? Заете ли кои  фирми користат отпад како енергенс?

Павле Трајанов: Треба државата да  отвори „војна“ против мафијата која остварува профит од отпадот кој ги труе граѓаните. Но, долгорочно гледано мора да јакне граѓанската свест за екологијата, неопходна е гасификација, почитување на еколошките стандарди итн.

Политика: Доколку се тече според планот, парламентот за брзо треба да се распушти.  Претседателот на собранието Талат Џафери вчера истакна дека најверојатно собранието ќе се распушти на 16 ти февруари во недела. Пред тоа како најитен се сметаше законот за  јавно обвинителство. Владата го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој на Собранието на Северна Македонија му се предлага да биде усвоен по скратена постапка. Сметате ли дека овој закон требаше вака итно да се истурка?

Павле Трајанов:  После 30 години на владеење на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, состојбите се поразителни.  По сите параметри Македонија е на дното, поделбите растат младите заминуваат во странство. Партиите се пазарат за тоа кој треба, а кој не, да одговара за тежок криминал, се амнестираат се богатат, а народот плаќа висока цена.Какви се тие реформи  во судскиот систем ако во законот за јавно обвинителство се решаваат процесни прашања, се казнува што може да биде или не доказ, се ослободуваат од одговорност политичките елити и сл.

Само со вклучување на стручни кадри во политикана можно е да се придвижат работите. „Демократскиот сојуз“ на 9 тите парламентарни избори ќе настапи со програма и кадри кои се гаранција за преврт, но без пратеничка група не може да ги  имплементира програмските определби и цели. Отворени сме за соработка и зеднички настап со други партии, граѓанскиот сектор, поединци и со секој кој е за евроатланските перспективи и водење сметка за автентичните национални и државни интереси на Македонија.

Политика: Вие сте подржувач на идејата земјава да биде една изборна единица.  Зошто сте за една, а против шест изборни единици?

Павле Трајанов: Партиите кои што имаат монопол во политиката и натаму не дозволуваат промени на изборниот законик, со што би се содале еднакви шанси за сите партии. Македонија треба да биде една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг. Тоа се основните претпоставки  за демонтажа на еднопартискиот систем на владеење, блокада на уцена од партиите од албански политички блок и јакнење на одговорноста кај извршната власт. Само со влез на нови партии во парламентарната власт може да се влијае при носењето на крупни одлуки битни за просперитетот на Македонија.

За „Демократскиот сојуз“ врвен приорите останува борбата против криминалот , системски промени заради воспоставување на владеењето на правото, стабилност на државата и еднакви шанси за сите за бизнис. Стратегија за младите е клучна за привлекување на младите. Со 2% од буџетот за отварање на бизнис, вработување од година дена со подршка од државата, услови за стекнување со стан или куќа, се дел од тоа што мора да се понуди како можност за младите да ја бираат Македонија како Држава за отворање на бизнис и формирање на семејство.

 

фото: Архива

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners