Трајанов за Нова ТВ: Власта за избори ќе не труе со пропаганда во рекордна минутажа

24.07.2016

Трајанов за Нова ТВ: Власта за избори ќе не труе со пропаганда во рекордна минутажа

Постојано се зборува за пропаганда, за платени реклами на власта, за платени реклами на владата, но, сега, откако се договорија изборите, едно е јасно – просторот и останува на најбогатата политичка партија. Иако измените во изборниот законик не се нови, малкумина се осврнаа на огромниот (озаконет) простор за рекламирање којшто, според начинот на кој е уреден, дефинитивно ја става во предност владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Измените во Изборниот законик со кои се предвидува осум минути на реален час платено политичко рекламирање на власта и опозицијата и по само една минута за оние кои немаат пратеничка група или се надвор од Собранието се дискриминаторски и водат кон еднопартиски систем, смета претседателот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов.

Според него, со ваквите измени и на следните избори ќе гледаме непрекината пропаганда која ги фаворизира само големите партии.

-Со овој модел ние практично во старт немаме  рамноправна положба со сите партии. Што има врска за која и каква партија станува збор, треба да се гледа на сите исто. Вака се фаворизираат исти партии. Ние дури и без избори имаме секојдневно во информативниот дел пренесување на ставови само на ВМО-ДПМНЕ и СДСМ, а за помалите партии многу малку или речиси воопшто. Значи ние постојано имаме еднопартиски систем, што води до тоа да немаме плурализам ниту во Собранието. Се прави селекција во старт, вели Трајанов за НОВА.

Со измените во минутажата за рекламирањето усогласени во  Пржинските преговори, за време на изборната кампања, во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите што ги покриваат изборите ќе може да емитуваат вкупно 18 минути платено политичко рекламирање.  Од нив по осум минути добиваат големите партии во власта и опозицијата, а  само по една минутa помалите партии во и надвор од Собранието.

-Доколку постои интерес за спојување на блоковите на една политичка партија во два последователни реални часа, медиумот е должен да обезбеди гаранција дека спојувањето блокови по два последователни часа двапати по ред нема да биде oд иста политичка партија и ќе обезбеди гаранција за наизменична застапеност на политичките партии од власта и од опозицијата.

Но, доколку една од партиите не е во можност да го плати рекламниот простор, тогаш друга партија од категоријата во која спаѓа таа која не може, ќе има можност да си добие дополнителна минутажа.-Осум минути по реален час за нас ќе биде тешко и од економски аспект, затоа ќе мора паметно и ефикасно да се организираме за изборите.  Доколку не успееме да платиме политичко рекламирање во дадениот час, тогаш минутажата може да си ја откупи ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да добие блок од 16 минути кон крајот на едниот час и почетокот на друг. Понатаму останува на медиумот сам да оцени колку ќе реши гледачите да ги „труе“ со непрекината политичка пропаганда, вели потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски за НОВА.

Прашан зошто СДСМ како еден од учесниците во Пржинскиот договор се согласи на вакви измени, Манчевски вели дека тоа било единствена опција за некако да се обезбеди загарантирано медиумско рекламирање за сите партии.

-Нашите предлози беа драстично намалување на минутажата, бидејќи сето ова ги оптоварува граѓаните. За жал, ваквиот модел на инсистирање на ДПМНЕ беше единствената опција да бидеме и ние застапени во медиумите, бидејќи досега и кога баравме и сакавме да бидеме рекламирани, медиумите контролирани од власта воопшто не сакаа да отстапат простор со оправдувања дека веќе се е зафатено, вели Манчевски.

Тој се согласува дека ваквото решение е дискриминаторско во однос на помалите партии и вели дека доколку СДСМ ја добие власта, Изборниот законик повторно ќе доживее промена.

Од денот на распишувањето на избори, па до нивното завршување, радиодифузерите, печатените и електронски медиуми не смеат да објавуваат реклами финансирани од буџетот на Република Македонија и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања. Медиумите се должни ценовниците за рекламирање да ги достават до Државната изборна Комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување корупција во рок од пет дена од денот на распишување на изборите, а ценовниците не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.

Извор: Нова ТВ
 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners