Демократски сојуз: Нова Влада за стабилна Македонија



01.05.2017

Демократски сојуз: Нова Влада за стабилна Македонија

Во време кога високиот дипломат на САД, Хојт Ји, прави сериозни  напори, на уставен, мирен и демократски начин Македонија да излезе од кризата и да се избере нова Влада, одговорноста е сепак на македонските политичари и медиумите.

Македонија крвари од стравот и непромислените постапки на државно политичкиот врв, посебно од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој и натаму не се откажува од налудничавото сценарио за рушење на Македонската држава, за да ја избегне политичката и кривичната одвоворност за злоделата што ги направи спрема сопствениот народ и држава.

За насилничкото и крвничко однесување во Парламентот, одговорноста  мора да се бара кај Никола Груевски и неговите соработници, како и кај провладините медиуми кои  веќе три години манипулираат со чувствата на граѓаните, поттикнуваат меѓунационална омраза, анaтемисувајќи ги сите други дека се предавници и криејќи се зад флоскулата "народот одлучува".

Демократскиот сојуз е цврсто убеден дека наш врвен национален и државен интерес е да се формира Влада за да се смират состојбите и започне процес на спроведување на реформи за владеење на правото и еднаква примена на законите спрема сите.

partners partners partners partners partners partners