Демократски сојуз: Потребно е забрзување на евроинтеграциите со заштита на македонскиот идентитет

6.6.2026

Демократски сојуз: Потребно е забрзување на евроинтеграциите со заштита на македонскиот идентитет

Демократски сојуз ја поддржува стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија и смета дека процесот на европска интеграција треба да продолжи со засилена динамика и јасна европска перспектива.

Во изминатите години Македонија спроведе значителен број суштински реформи, усогласи голем дел од своето законодавство со правото на Европската Унија, воспостави функционална пазарна економија, ги зајакна механизмите за борба против криминалот и корупцијата и во целост ја усогласи својата надворешна, безбедносна и одбранбена политика со политиките на Европската Унија.

Како кредибилен партнер на ЕУ, Македонија заслужува валоризација на постигнатите резултати преку формално отворање и затворање на поголем број преговарачки кластери и поглавја.

Демократски сојуз предлага Владата да ја разгледа иницијативата за постепена интеграција на Македонија во Европската Унија и врз основа на продлабочена анализа, како и пошироки експертски и политички консултации, да изгради јасен државен став за ова прашање.

Доколку и понатаму се инсистира на уставни измени како услов за напредок во преговарачкиот процес, Собранието на Република Македонија треба да побара од Европската Унија да донесе јасни и обврзувачки заклучоци со кои ќе се гарантира дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија по приемот на Македонија, дека идентитетските прашања нема да можат да бидат основа за нови блокади или вето во иднина, како и да се обезбеди принцип на реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија.

Демократски сојуз инсистира на постигнување поширок политички и граѓански консензус за сите прашања поврзани со европската интеграција на државата. Во услови на сложени геополитички предизвици, неопходно е да се обезбеди единство околу европската иднина на Македонија, без притоа да се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет, јазик и културно-историски континуитет.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners