05.04.2011 ГОДИНА



05.04.2011 ГОДИНА

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА ЖЕНИТЕ, СЕ ОДРЖА ТРИБИНА НА ТЕМА НАСИЛСТВОТО ПОМЕЃУ МЛАДИТЕ.

Учесниците на трибината се согласија дека единствен модел за справување со насилството меѓу младите е општ консензус со кој политиката и мерките за справување со оваа појава ќе бидат проактивни и постојано ќе се надградуваат со нови покреативни решенија. На трибина посебен акцент беше ставен на образованиот систем од причина што најголемиот број млади се опфатени со него.

ДСЖ смета дека е потребно нашиот образовен процес да се реформира во насока која ќе стимулира и активно ќе допринесува за врвни достигнувања на учениците и ќе им помага на младите да се интегрираат и да се чувствуваат како драгоцен дел од здравото општество.

ДСЖ ги поддржува сите законски норми кои го регулираат проблемот на насилство помеѓу младите, но сметајќи дека превенцијата е многу поефикасна отколку самиот третман на конфликтот, нагласи дека е неопходно превземањето на мерки кои се потребни за спречување на конфликтите меѓу младите.

Демократскиот Сојуз на Жените заклучи дека а потребно:

  • Да се признае реалноста дека насилството меѓу младите постои, а пота да се отвори една сеопфатна дебата во јавноста, во која се вклучени сите - граѓаните, медиумите и институциите.

  • Воспитно-дисциплинските мерки да не бидат цел на ваквите случувања, туку вклучување на сите актери во решавањето на проблемот;

  • Да се согледаат сите главни фактори во општеството кои влијаат на насилното однесување на младите и да се донесе Национална стратегија или модел за превенирање на насилството помегу младите;

  • Да се систематизираат сите досегашни програми, проекти и искуства на релевантните актери (Училиштата -наставниците, стручните служби, училишните заедници, совети на родителите, родителите, локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика – служби за работа со деца со деликвентно однесување, службите за старателство, центрите за ментално здравје на деца и млади, Агенцијата за млади и спорт, Унија на средношколците, Институти за психологија и педагогија, УНИЦЕФ...) за превенцијата и заштита на децата од насилството;

  • Информирање на јавноста за причините за насилството помегу младите и напори за намалување на насилството преку медиумите и влијанието на насилството преку социјалните мрежи;

  • Секое училиште – да изработи кодекс за однесувањето на учениците, кој ке биде одобруван од страна на училишните совети со поригорозни мерки за ученици склони кон насилство но и за родителите кои не соработуваат со училуиштето. На тој начин на родителите да им се наметне обврската да соработуваат со училиштето.

  • Кодексот на почетокот на секоја учебна година родителите би требало да го потпишат со што се обврзуваат дека ги прифакаат правилата од кодексот. Треба да се предвиди и дисциплонска одговорност за непочитување на правилата од кодексот за родителите, наставниците и учениците;

  • Да се подигне квалитетот на образовниот систем вклучувајки го тука квалитетот на наставниците, наставните пнови и програми, учебниците и инфраструктурата како и создавање механизми за евалуација и мониторинг на образовниот процес;

  • Растеретување на обемните наставни планови и програми и донесување алтернативни наставни програми за воннаставни активности согласно афинитетите и способностите на учениците;

  • Воведување занимливи методи на настава, кои наместо простото пренесување на факти кај учениците би развивале радозналост, креативност и одговорност.

  • Учебниците треба да содржат правила на однесување, човечки права и почитување на правата на другите;

  • Развивање на училишен спорт и јакнење на натреварувачки дух кај учениците;

  • Едукација на наставниците и професорите за препознавање на насилството и редовно и системско следење на состојбата помегу учениците;

  • Зајакнување на институцијата ученички парламент, со давање одговорност и знашење на учениците;

  • Успорување на социјалните промени и намалување на социјалната нееднаквост во општеството;

  • Едукација за прифакање на различностите помегу младите;

  • Зголемено физичко обезбедување: училишен полицаец...дежурни наставници...видео-надзор;

  • Контрола за носење опасни предмети во училиштата.

partners partners partners partners partners partners